Пикси за „Газета“: Влаховиќ е цврсто на земја, а Костиќ е идеален за во Интер!

Селекторот на српската фудбалска репрезентација, Драган Стојковиќ Пикси е многу актуелен по одличниот резултат што го направи со „орлите“ и пласманот на Мундијалот во Катар идната година. Во интервју за „Газета дело Спорт“ Пикси дава коментар за спојот Тадиќ – Милинковиќ Савиќ, дава свој коментар за напаѓачот на Фиорентина – Душан Влаховиќ, а има и што да му препорача на тренерот на Интер, Симоне Инзаги.

„Сергеј (Милинковиќ-Савиќ) е светска класа. Можете да си замислите дека во Србија имаше луѓе кои сметаа дека тој и Тадиќ не можат да играат заедно. Тоа се будалаштини. Во мојот тим секогаш има место за големи играчи. Двајцата се стартери и сите гледаат каква е забавата“.

Во врска со Влаховиќ, селекторот има само пофални зборови.

„Влаховиќ е фантастичен, голем професионалец, момче кое е цврсто на земја. Никогаш немав проблеми со него затоа што е мошне интелигентен. Кога дебитирав за Србија против Ирска веднаш го ставив Душан во првата постава, а нашиот голгетер Митровиќ го ставив на клупа. Победивме, а Влаховиќ постигна гол“ рече Стојковиќ.

Пикси има совет за младиот напаѓач:

„Промени го тимот, ама остани во Италија. Серија А е најдоброто првенство за негово понатамошно напредување и развој. Ќе има време да се проба и во другите првенства“.

Што се однесува за играчот од средниот ред на Ајнтрахт Франкфурт – Филип Кости, Пикси смета дека тој е идеален играч за во Интер.

„Костиќ би бил вистинско засилување за Инзаги. Трча, центрира, на лево крило е неверојатен, тој е голем работник со германски менталитет“ вели Стојковиќ.

Текстот Пикси за „Газета“: Влаховиќ е цврсто на земја, а Костиќ е идеален за во Интер! е превземен од МАКФАКС.