Пирс Морган ги исмева заложбите на Меган и Хари за нулта емисија на СО2

Британскиот ТВ-водител Пирс Морган го исмеа ветувањето на Меган Маркл и принцот Хари за намалување на глобалните емисии на јаглерод диоксид (СО2) среде нивната добро рекламирана употреба на приватен транспорт, вклучително и млазни авиони.

Морган (56) во вторникот на Твитер саркастично одговори на Меган Маркл (40) и на принцот Хари (37) во врска со објавата за достигнување нулта емисија на јаглерод до 2030 година.

Поранешниот водител на „Добро утро, Британија“ се осврна на опширно документираната употреба на приватни авиони од страна на двојката Сасексови и праша дали поранешната кралска двојка била во авионот на сер Елтон Џон или во авионот на Џорџ Клуни кога го дале своето амбициозно ветување.

Пирс сподели новинска статија во која се наведува дека добротворниот бренд „Арчивел“ на војводата и војвотката од Сасекс има за цел да „достигне нулта емисија на јаглерод до 2030 година. Веб-страницата на „Арчивел“ има над осум милиони следачи.

„Дали го ветија ова од авионот на сер Елтон или од оној на Клуни?“, твитна Морган.

Морган често го нарекуваат најголем критичар на Меган и нејзиниот сопруг принцот Хари. Многумина веруваа дека неговите остри коментари ќе стивнат со текот на времето, но неговиот најнов твит докажува дека се случува токму спротивното.

 

Текстот Пирс Морган ги исмева заложбите на Меган и Хари за нулта емисија на СО2 е превземен од МАКФАКС.