Писториус може да излезе на условно по убиството на девојката во 2013

Поранешниот параолимписки шампион, Јужноафриканецот Оскар Писториус може да излезе на слобода со условна казна, откако отслужи половина од казната за убиството на неговата девојка, тврди адвокатот на семејството на девојката.

Писториус ја застрела својата девојка, манекенката Рива Стенкамп на 14 февруари 2013 година, со четири истрели преку вратата во нивниот тоалет. Тој постојано тврдеше дека мислел дека во куќата во Преторија има крадец, и во 2014 година беше осуден на 6 години затвор, пред таа одлука да биде преименувана во 13-годишна казна.

До јули 2021 година, 34-годишниот Писториус отслужи половина од казната, и според адвокатот на семејството Стенкамп, тој може да биде пуштен на условна слобода. Услов за ова е да почне дијалог со семејството на убиената.

Писториус, кому му беа ампутирани двете нозе, стана првиот параолимпиец кој настапил на Олимпијада, во Лондон во 2012 година, кога го доби прекарот „Блејд ранер“.

Текстот Писториус може да излезе на условно по убиството на девојката во 2013 е превземен од МАКФАКС.