Питер Џексон ја продаде фирмата за визуелни ефекти за 1,6 милијарди долари

Студиото за визуелни ефекти со седиште во Нов Зеланд, ко-основано од режисерот oскаровец сер Питер Џексон, е продадено за 1,6 милијарди долари.

„Вета дигитал“, кое работеше на филмови вклучувајќи ги „Господарот на прстените“ и „Аватар“, сега е во сопственост на софтверската компанија за видео игри „Јунити“.

Технологијата на „Јунити“ стои зад игрите како што се Pokémon Go и Call of Duty: Mobile.

Според двете фирми, договорот значи дека алатките за специјални ефекти на „Вета дигитал“ ќе бидат „демократизирани“.

„Заедно, Unity и Weta Digital можат да создадат патека за секој уметник, од која било индустрија, да може да ги искористи овие неверојатно креативни и моќни алатки“, наведе Џексон во изјавата за медиуми.

Текстот Питер Џексон ја продаде фирмата за визуелни ефекти за 1,6 милијарди долари е превземен од МАКФАКС.