По блескавата победа над Сити, Барнли го спушти Тотенхем на земја

По фантастичната победа над Манчестер сити во претходното коло, Тотенхем на Антонио Конте доживеа студен туш на северот на Англија, губејќи со 1:0 кај претпоследнопласираниот Барнли.

Единствениот гол на мечот падна во 71. минута од мечот, кога Бен Ми беше безмилосен по одличната топка која ја доби од Џош Браунхил. Со поразот, Тотенхем пропушти шанса да се доближи до Манчестер јунајтед на четвртото место, и останува само на осмото место со 39 поени, седум зад топ 4, но со два натпревари помалку. Барнли пак, се 18. со 20 поени, само два зад Њукасл.

Вотфорд пак, ниту под Рој Хоџсон не успева да покаже знаци во борбата за опстанок, откако беа торпедирани со 1:4 од Кристал палас дома.

ПРЕМИЕРЛИГА

Барнли – Тотенхем 1:0

Вотфорд – Кристал палас 1:4

(function (el) { window.addEventListener(“message”, (event) => { if (event.origin.startsWith(“https://www.sofascore”)) { if (el.id === event.data.id) { el.style.height = event.data.height + “px”; } } }); })(document.getElementById(“sofa-standings-embed-1-37036”));

Standings provided by SofaScore LiveScore

Текстот По блескавата победа над Сити, Барнли го спушти Тотенхем на земја е превземен од МАКФАКС.