По одличниот старт, нов пораз од Грузија

Македонската кошаркарска репрезентација го доживеа и четвртиот пораз во квалификациите за Светското првенство во 2023 година, откако по одличниот старт на мечот, не го изддржавме темпото и бевме поразени од Грузија со 65:79 (21:18, 14:26, 17:15, 13:21).

Со Ненад Димитријевиќ како лидер, имавме одличен почеток, но Грузијците направија серија од 10:0  во втората четвртина за на полувреме гостите да отидат со 35:43 предност.  По израмнетата борба на почетокот на второто полувреме, Грузијците го заддржаа водството и стигнаа до победа.

Димитријевиќ заврши со 25 поени како најефикасен на мечот, Војдан Стојановски додаде 13, а Џејкоб Вајли застана на 10. Тадус Мекфеден повторно беше најефикасен за Грузијците со 24 поени, а Гиорги Шемардини имаше 13.

Фото: ФИБА

Текстот По одличниот старт, нов пораз од Грузија е превземен од МАКФАКС.