По урнекот на УЕФА и ФИФА ќе воведе Лига на нации

Отпорот на највлијателните членки на ФИФА, Европската и Јужноамериканската федерација, го откажа Џани Инфантино од идејата Светските првенства да се организараат на секои две години. Сепак, како што пишува „Дејли мејл“, Инфантино не се откажува од експериментите.

Џани Инфантино и неговите соработници биле подготвени да формираат Лига на нации по урнекот на натпреварувањето кое веќе постои во организација на УЕФА.

Разликата е во тоа што оваа Лига на нации ќе се игра на глобално ниво.

Според „Дејли мејл“, ФИФА повлекува очајнички потези за да обезбеди поголем профит, бидејќи финансиски заостанува зад УЕФА.

Планот на ФИФА е Лигата на нации да го замени Купот на Конфедерации. Последен пат овој Куп се играше во 2017 година.

ФИФА на 20.декември ќе одржи собрание на кое ќе се разговара за формирањето на Лигата на нации.

Текстот По урнекот на УЕФА и ФИФА ќе воведе Лига на нации е превземен од МАКФАКС.