Победа на Коњановски од ВМРО-ДПМНЕ во Битола, Кондовски му честита

Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Тони Коњановски прогласи победа во Битола.

„Битола победи. Како во првиот, така и во вториот изборен круг граѓаните на Битола гласаа за промени“, рече Коњановски на прес-конференција.

Иако се уште не се целосно пребројани резултатите од гласањето, победата е извесна и вечерва противкандидатот Христо Кондовски, го призна поразот и му честита на Коњановски.

„Ја поздравувам победата на мојот противкандидат. Изборите поминаа во фер и демократска атмосфера. Продолжуваме со животот во Битола понатаму. Одлучија битолчани како ќе се движат наредните 4 години. Јас како стопанственик , како симпатизер на СДСМ, како една конструктивна личност во општеството продолжувам да ја поддржувам политиката на Битола, за поддршка и прогрес, ќе бидам една конструктивна личност во иднина. Трендот е тој и граѓаните одлучуваат како и што ќе се движи во контекст на Советот и градоначалникот“, рече Кондовски.

Текстот Победа на Коњановски од ВМРО-ДПМНЕ во Битола, Кондовски му честита е превземен од МАКФАКС.