Почина Дин Стоквел, актерот од „Квантен скок“

Дин Стоквел, познат по улогата во научно-фантастичната серија „Квантен скок“ (Quantum Leap), почина на 85-годишна возраст.

Актерот кој имаше кариера долга 70 години, починал во неделата рано наутро во својот дом. Негов претставник потврди дека тој починал од природна смрт.

Дин глумеше во 97 епизоди од ТВ-серијата „Квантен скок“, од 1989 до 1993 година. Оваа серија му донесе неколку номинации за „Еми“, а во 1990 година доби „Златен глобус“ за најдобра споредна машка улога.

Некои од филмовите во кои глумеше се „Париз, Тексас“, „Да се живее и умре во Лос Анџелес“, „Играчот“, „и други.

Беше номиниран и за „Оскар“ за најдобра споредна машка улога во „Омажена за мафијата“ (Married to the Mob) од1988 година.

Текстот Почина Дин Стоквел, актерот од „Квантен скок“ е превземен од МАКФАКС.