Пофалба од идолот – Халеп верува дека Радукану ќе биде најдобрата

Поранешната шампионка од Вимблдон, Романката Симона Халеп, ја пофали шампионката од САД опен, Британката со романско потекло Ема Радукану, велејќи дека таа ќе стане една од најдобрите тенисерки на светот.

18-годишната Радукану стана првата Британка по повеќе од 44 години со гренд слем титула по шокантниот настап на САД опен и по настапот на Трансилванија опен во Клуж-Напока, Халеп имаше само пофалби за тинејџерката.

„Таа веќе има освоено гренд слем титула, така што е можно да ги оствари сите можни работи во тенисот. Сега има искуство и на најголемите турнири и верувам дека ќе влезе во топ-10 набргу. Толку е млада, а покажа неверојатна смиреност во толку многу мечеви. Навистина ми се допаѓа“, вели Халеп.

Радукану неколкупати изјави дека Халеп ѝ била идол и инспирација да се посвети сериозно на тенисот поради нивното заедничко романско потекло.

Текстот Пофалба од идолот – Халеп верува дека Радукану ќе биде најдобрата е превземен од МАКФАКС.