Погба како слободен играч ќе се врати во Јувентус

Пол Погба би можел да се врати во Јувентус. Францускиот ас, нема намера да го продолжи договорот со Манчестер јунајтед кој истекува по завршувањето на сезоната. Погба со голем успех играше за Јувентус во периодот 2012-2016.

Погба, етото во 2012 година без обесштетување од Јунајтед се пресели во Јувентус. Лошата проценка „црвените ѓаволи“ ја платија 105 милиони евра четири години подоцна. Сега веројатно ќе се случи истото, Погба како слободен играч од „Олд Трафорд“ ќе се врати во Јувентус.

„Страта дама“ подготвува реконструкција. Лошите резултати се должат најмногу на играта во средниот ред. За да го донесат Погба, челниците на Јувентус, најпрвин е мора да се ослободат од неколку играчи. Прв на списокот за заминување е Арон Рамзи, а веројатно истата судбина го очекува Дејан Кулушевски и Адријан Рабио.

Според медиумските шпекулации, Јувентус биле подготвени на годишно ниво да го плаќаат Погба 12,5 милиони евра.

Текстот Погба како слободен играч ќе се врати во Јувентус е превземен од МАКФАКС.