Пол-позицијата во Абу Даби за Ферстапен, Хамилтон втор

Макс Ферстапен ќе стартува од пол-позицијата во решавачката трка за титулата во Светскиот шампионат на Формула 1.

Возачот на Ред Бул, во финишот на квалификациите, успеа да го извози најбрзиот круг 1:22.109 минути. Неговиот единствен конкурент за титулата, актуелниот шампион Луис Хамилтон од Мерцедес забележа послабо време за 0.371 секунди.

Изненадувачки на третото и четвртото место завршија Ландо Норис од Мекларен и Серхио Перез од ред Бул.

Третиот ред на стартот го формираат Карлос Саинц од Ферари и Валтери Ботас од Мерцедес.

Ферстапен и Мерцедес утре ќе стартуваат со различна стратегија. Ред Бул ќе стартува со најмеката, софт, варијанта на гуми, додека Мерцедес трката ќе ја започне со средно тврдата компонента на гуми.

Трката за Големата награда на Абу Даби утре ќе започне во 14 часот.

Текстот Пол-позицијата во Абу Даби за Ферстапен, Хамилтон втор е превземен од МАКФАКС.