Пол Рад е најсекси маж на светот, според „Пипл“

Тој го глуми човекот-мравка или „Ентмен“ во филмскиот универзум на „Марвел“.

Но, последното признание на Пол Рад не е мала чест.

Магазинот „Пипл“ секоја година избира една селебрити-личност на која му ја доделува титулата Најсексипилен маж. Годинава тоа е Пол Рад.

52-годишниот актер во средата беше прогласен за најсексипилен маж на светот за 2021 година.

Ѕвездата ја покажа својата препознатлива смисла за хумор додека зборуваше за титулата, додавајќи дека ќе добие многу зафрканции од своите пријатели.

„Правам визит-картички за да се пофалам со новата титула. Но, сите мои пријатели ќе ме уништат и тоа го очекувам од нив. Затоа ми се пријатели,“ се пошегува тој.

Пол откри дека често му придаваат епитети љубезен и вреден, но дека не е навикнат луѓето да го нарекуваат секси.

Текстот Пол Рад е најсекси маж на светот, според „Пипл“ е превземен од МАКФАКС.