Полицаец пријавил дека го каснало селско куче

Во попладневните часови на 2 август, полицаец пријавил дека бил нападнат од куче додека извршувал службени дејствија во скопското село Горно Соње.

Нападот го пријавил околу 16.50 часот во полициската станица Кисела Вода.

Според пријавеното, на улицата број 7 во селото, при преземање на службени дејствија, службеникот бил каснат од куче скитник.

Текстот Полицаец пријавил дека го каснало селско куче е превземен од МАКФАКС.