Поради два најавени протеста ќе бидат затворени повеќе скопски улици

Од МВР за утре, среда, 8 септември, најавуваат изменет сообраќаен режим во Скопје, поради два закажани протеста.

Како што информираат од ресорното министерство, првиот настан е мото-пешачки протестен марш од скопски саем кон зградата на Владата.

„За таа цел од 10.30 часот до завршување на протестот етапно ќе бидат затворени за сообраќај: бул. Гоце Делчев на потег од ул. Беласица кон бул. Илинден и бул. Илинден на потег од бул. Гоце Делчев до бул. Климент Охридски“, се наведува во соопштението.

Вториот протест е најавен со почеток од 13.30 часот и треба да почне од плоштадот ,,Скендербег“ за потоа да продолжи до канцеларијата на ЕУ.

„За таа цел од 13.30 часот до завршување на протестот етапно ќе бидат затворени за сообраќај бул. Гоце Делчев, бул. Илинден и бул. Климент Охридски“, посочуваат од МВР.

Секторот за внатрешни работи Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници, како и да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и сообраќајната регулатива за променетиот режим на сообраќај со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.

Текстот Поради два најавени протеста ќе бидат затворени повеќе скопски улици е превземен од МАКФАКС.