Поради градежни зафати пренасочен сообраќајот кај клучката Градско

Поради изведување на градежни работи на експресниот пат од Градско до Дреново, поточно кај клучката Градско, сообраќајот на автопатот Е-75 ќе се одвива со девијации, односно пренасочување.

Пренасочувањето на сообраќајот е предвидено да трае во наредните 4 (четири) дена, почнувајќи од 29.10.2021 година, соопшти АМСМ.

Од таму додаваат дека сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Текстот Поради градежни зафати пренасочен сообраќајот кај клучката Градско е превземен од МАКФАКС.