Поради најавите за силно невреме, се затвораат училиштата и парковите на југот на Италија

Поради претстојното невреме, училиштата и гробиштата во јужна Италија се затворени како дел од мерките на претпазливост.

Градоначалникот на Неапол, Гаетано Манфреди, одлучи да ги затвори повеќето гробишта и паркови поради опасност од паѓање дрвја и гранки, се вели во наредбата на градските власти.

Училиштата на популарниот туристички остров Искија во Неаполскиот Залив ќе останат затворени, објави градоначалникот Енцо Ферандино.

Цивилната заштита го подигна нивото за ризик од катастрофи за јужната италијанска провинција Кампанија.

Пожарникарите на Сардинија 50 пати излегле на терен на западниот брег на островот поради невремето во последните 12 часа.

Од поплавите беше погоден и регионот Ористано на Сардинија.

Властите исто така предупредуваат за можна поплава во Венеција во подоцнежните вечерни часови. Речиси 60 отсто од пешачките површини се очекува да бидат под вода, пренесуваат италијанските медиуми.

Се очекува градот да го активира својот 18-часовен систем за заштита од поплави.

Системот се состои од 78 бариери, кои градот може да ги подигне на три влеза и е во функција од 2020 година.

Текстот Поради најавите за силно невреме, се затвораат училиштата и парковите на југот на Италија е превземен од МАКФАКС.