Поради невозвратена љубов се наклукал таблети, па повраќал и се онесвестил – Поради скандал оставка поднесе градоначалникот на Приједор

/

Невиден скандал ја потресе БиХ откако во јавноста протекоа снимки на кои градоначалникот на Приједор, Далибор Павловиќ голта полна шпака таблети, а потоа повраќа во тоалетот над тоалетната школка и на крајот паѓа на плочките. Бизарни фотографии ги направил лично тој, но во јавноста ги обелоденил новинарот Слободан Васковиќ, по што ја разбранува БиХ и регионот. Речиси веднаш реагираше српскиот член на Претседателството на БиХ, Милорад Додик, кој побара оставка од Павловиќ, нагласувајќи дека ваквото однесување на висок функционер е крајно непримерно и срамно. Дополнително, денеска се одржала седница на Градскиот одбор на Приједор, на која градоначалникот не учествувал, па набрзо стасала и неговата оставка, но во писмена форма.

– Како носител на јавна функција и прв човек на градот Приедор, имам одговорност да ги информирам моите сограѓани, но и пошироката јавност за работата што ја работам, како и за мојот приватен живот, доколку тоа влијае на благосостојбата на заедницата на која служам. Бидејќи пишувањето и јавниот прогон на мене како личност со разни спинови, навреди, омаловажувања, кои се појавија во некои медиуми во последните денови, може да го разниша односот на доверба што го градев со граѓаните на Приедор од преземањето на функцијата, информирам дека го прифаќам предлогот на претседателот на СНСД, Милорад Додик, – истакна Павловиќ, осврнувајќи се на фотографиите кои наводно биле предизвикани од невозвратена љубов.