Поради врнежи од снег, забрана за тешки товарни возила на патниот правец Охрид-Ресен

Поради врнежи од снег, воведена е забрана за тешки товарни возила на патниот правец Охрид-Ресен, планински премин Буково. За останатите учесници во сообраќајот е задолжилетна употреба на зимска опрема.

Патниот правец Македонски Брод – Скопје-кај село Близанско е блокиран за сообраќај за сите возила, поради одрон на патот.

На патниот правец Тетово – Попова Шапка, забраната важи за тешки товарни возила, камиони и автобуси.

Сообраќајот на останатите државни патишта се одвива по влажни коловози и наместа остатоци од кашест снег.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информираат од АМСМ.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Текстот Поради врнежи од снег, забрана за тешки товарни возила на патниот правец Охрид-Ресен е превземен од МАКФАКС.