Поранешна прва дипломатка на Бугарија: Скопје треба да докаже дека може да стане дел од ЕУ

„РС Македонија треба да докаже дека може да биде примена во ЕУ. Бугарија нема никаква врска со тоа независно од претензиите на Скопје“, ова го изјави поранешната министерка за надворешни работи на Бугарија, Надежда Нејнски.

„Нема причина Бугарија да ја менува својата позиција во однос на РС Македонија. Проблемот е во тоа што Договорот за добрососедство не се спроведува. Треба да има гарант за неговото спроведување и тоа е ЕУ“, вели Нејнски.