Постапка против дилер од Гостивар фатен со полн ранец хероин

Обвинителството почна истрага против 52-годишен жител на Гостивар за кој постои сомнение дека сторил кривично дело неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги.

Осомничениот на 24 декември минатата година неовластено, заради продажба, пренесувал хероин со вкупна тежина од 4.461 грам.

Тој ја спакувал дрогата во девет одделни пакувања и ја сместил во ранец што го носел со себе. Потоа, по претходен договор и намера за продажба, околу 20 часот на булеварот Босна и Херцеговина во Скопје се сретнал со друго лице, веќе осомничено за овој настан, кому му го предал ранецот полн со хероин.

Бидејќи постои страв дека осомничениот ќе го повтори делото, како и со оглед на видот и количината на пронајдената дрога, која укажува на добро воспоставени криминални врски, надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје доставил предлог за определување мерка притвор.

 

 

*Фотографијата е илустрација, а не од конкретниот настан

Текстот Постапка против дилер од Гостивар фатен со полн ранец хероин е превземен од МАКФАКС.