Постигнат договор, Чави се враќа во Барселона

Легедата на Барселона и шпанскиот фудбал, Чави Ернандез, се враќа на „Ноу Камп“. Чави, се договорил да ја предводи Барселона до крајот на сезоната, со опција договорот да биде продолжен на уште два години, тврди каталонскиот „Спорт“.

Директорите на Барселона, Хусте и Алемани, во Доха успеале да постигнат договор со првиот човек на Ал Сад, Мохамед бин Хамад. Тој се согласил да го ослободи Чави од договорот со неговиот клуб.

Бин Хамад направил отстапка со одлуката да го пушти тренерот без обесштетување.

Барселона, најдоцна до утре, ќе го потпише договорот со Чави.

Интересно, тренерот ќе има помала плата од онаа во Ал Сад. Во Катар, Чави годишно заработувал 10 милионие вра.

Текстот Постигнат договор, Чави се враќа во Барселона е превземен од МАКФАКС.