Потоп за „фармацевтите“ во Франкфурт

Ајнтрахт во Франкфурт по пресврт ги победи Баер Леверкузен со 5-2 во 15. коло од Бундеслигата.

„Фармацевтите“ имаа водство од 2-0 со головите на Чехот, Патрик Шик во 5. и во 22. Минута.

Сепак, Тута во 23 минута намали на 1-2, а веќе во 30 минута Линдстром изедначи на 2-2.

На 3-2 зголеми Ндике во 50 минута, а потоа стрелец беше Јакиќ за 4-2.

Конечните 5-2 беа дело на Џибрил Сов во 76 минута.

Баер останува третопласиран со 27 поени, додека Ајнтрахт со денешниот триумф се искачи на деветтата позиција на табелата, со 21 бод.

Текстот Потоп за „фармацевтите“ во Франкфурт е превземен од МАКФАКС.