Пожар во камп за мигранти во Грција

Кампот за мигранти на грчкиот остров Самос беше евакуиран откако доцна синоќа во него избувна пожар.

Нема повредени или поголема материјална штета во пожарот во кампот, кој наскоро ќе биде затворен.

Властите соопштија дека пожарот избувнал во напуштени згради во кампот и дека е ставен под контрола, пренесуваaт агенциите.

Околу 550 мигранти беа евакуирани на поле во близина на влезот во кампот.

Трансферот на мигрантите од кампот во новиот објект вреден 43 милиони евра ќе започне денеска, а се планира да заврши во среда.

Според анализите на медиумите во регионот, досега 7.500 мигранти беа сместени во постојниот камп во тесни услови, што грчкиот министер за миграција Нотис Митаракис го призна во саботата, отворајќи нов центар за прием.

Текстот Пожар во камп за мигранти во Грција е превземен од МАКФАКС.