Позитивни на коронавирус се 13 воспитувачи и 9 деца во градинките, Шахпаска вели дека состојбата е стабилна

Тринаесет воспитувачи и 9 деца се позитивни на коронавирус низ градинките, информираше денеска министерката за труд и социјална политика, Jагода Шахпаска.

Состојбата во градинките, министерката ја оцени како стабилна.

„На реферирањето на утринскиот кризен штаб информирав дека само 13 воспитувачи и други вработени во градинките се позитивни во целата држава и само девет дечиња“, рече Шахпаска.

Минатата недела бил направен вонреден инспекциски надзор кој покажал дека протоколите се почитуваат и поради тоа нема хоризонтална трансмисија на вирусот во градинките.

Текстот Позитивни на коронавирус се 13 воспитувачи и 9 деца во градинките, Шахпаска вели дека состојбата е стабилна е превземен од МАКФАКС.