Пред трансферот на Халанд, во Борусија ветуваат борба со „олигарсите и арапските држави“

Генералниот директор на Борусија Дортмунд, Ханс-Јоаким Вацке вели дека Бундеслигата мора да влезе во борба против „големите клубови со олигарси и арапски газди како сопственици“, по најавениот трансфер на Ерлинг Халан во Манчестер сити.

Вчера беше објавено дека Норвежанецот веќе ги поминал медицинските тестови со Сити, кои ќе ја активираат клаузулата во неговиот договор од 75 милиони евра да го купат норвешкиот голгетер, кој има 85 гола во 88 настапи за БВБ по трансферот од РБ Салцбург во 2019 година.

„Кога фудбалер ќе игра добро за нас, тогаш мораме да се бориме со големите, големи клубови со олигарси и арапски држави зад нив. И во таа битка не можеме да излеземе победници, но можеме да победиме во битка за 18-годишен фудбалер како Џуд Белингем, кој сака да игра за Борусија бидејќи секогаш имаме 80.000 навивачи на трибините и програма за развој на фудбалерите. Тоа е нашиот начин и поголемиот дел од времето е успешен. Ние, како Борусија играме фудбал 113 години и 111 години од нив игравме без Ерлинг Халанд. Го имавме и Роберт Левандовски, кој замина во 2014, но игравме фудбал и во 2015, 2016 и 2017. Потоа дојде Пјер-Емерик Обамејанг и сега Ерлинг Халанд. Сега сигурно ќе најдеме друг фудбалер“, вели Вацке.

Текстот Пред трансферот на Халанд, во Борусија ветуваат борба со „олигарсите и арапските држави“ е превземен од МАКФАКС.