Претпладне облачно и магловито, попладне промена на времето

Претпладне вдолж Повардарието со магла и значителна ниска облачност, кои попладне ќе се намалат. Во останатиот дел од земјата сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, а особено вдолж Повардарието засилен ветер од југоисточен правец.

Максималната температура ќе достигне од 18 до 23 степени.

Во Скопје претпладне магливо и со значителна облачност, која во текот на денот ќе се намали. Ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе достигне 19 степени.

Текстот Претпладне облачно и магловито, попладне промена на времето е превземен од МАКФАКС.