Претседателката на Европската комисија: Украина е една од нас, сакаме тие да се приклучат на ЕУ

Претседателката на Европската комисија изрази недвосмислена поддршка за Украина да стане членка на Европската унија, нарекувајќи ја земјата која сега е нападната од Русија „една од нас“.

Таа го изјави ова во интервју за Еуроњуз, неколку часа откако блокот од 27 нации одлучи да и достави оружје на земјата за време на војната за прв пат во нејзината историја.

– Навистина со текот на времето ни припаѓаат нам. Тие се едни од нас и сакаме да влезат во блокот – изјави таа.

Украина, демократија од 44 милиони луѓе, освои независност од Москва во 1991 година со распадот на Советскиот Сојуз и се обиде да се приклучи на западната воена алијанса на НАТО и ЕУ, на која Русија жестоко се противи.

We are stepping up our support for Ukraine.

For the first time, the EU will finance the purchase and delivery of weapons and equipment to a country under attack.

We are also strengthening our sanctions against the Kremlin.
https://t.co/qEBICNxYa1

— Ursula von der Leyen (@vonderleyen) February 27, 2022

Текстот Претседателката на Европската комисија: Украина е една од нас, сакаме тие да се приклучат на ЕУ е превземен од МАКФАКС.