Претседателот на СДСМ Куманово со иницијатива Заев да остане лидер на партијата

Претседателот на СДСМ Куманово, Мартин Костовски, поднесе иницијатива за поддршка на претседателот на партијата и премиер, Зоран Заев, кој вчера најави оставка.

„Јас, Мартин Костовски, претседател на ОО СДСМ Куманово, од денеска поднесувам иницијатива кај сите социјалдемократи во државата за поддршка на претседателот Зоран Заев. Недвосмислена и безрезервна поддршка да остане на лидерската позиција во СДСМ. Искрено и чесно, одговорно и храбро, многу дадовме за овие 5 години за Македонија, за СДСМ“, вели Костовски.

Заев синоќа изјави дека поднесува оставка и од премиерската функција и од претседателската функција во СДСМ.

„Ја преземам одговорноста на себе за ваквиот развој на настаните. Поднесувам оставка од премиер и претседател на СДСМ. Им честитам на сите прогресивни граѓани што се бореа за силна Македонија. Изразувам посебна огромна почит до мојот прогресивен народ. Посакувам новите градоначалници одговорно и чесно да им служат на граѓаните. Се гордеам што ја внесовме земјата во НАТО, а кај мене има разочараност затоа што мнозинството од народот ги избраа оние што сакаа да убиваат во парламентот“, рече Заев по изборите.

Текстот Претседателот на СДСМ Куманово со иницијатива Заев да остане лидер на партијата е превземен од МАКФАКС.