Притвореник почина на скопските клиники

Шеесет и двегодишен притвореник со иницијали И.Т. синоќа починал во Одделот на арестантско одделение при комплекс клиники „Мајка Тереза.

„Притвореникот бил хоспитализиран, а околу 00.15 часот му се слошило по што од лекар од Итна медицинска помош била констатирана смрт“, информираат од МВР.

Увид на лице место извршила екипа од СВР Скопје и по наредба на Јавен обвинител телото било дадено во судска медицина за обдукција.

Текстот Притвореник почина на скопските клиники е превземен од МАКФАКС.