Приведен крадец, извршил шест тешки кражби во Гостивар

Поради сомнение дека извршил шест тешки кражби во Гостивар, полицијата соопшти дека уапсила 25-годишно лице од долнореканското село Видуше.

МВР информира дека полициски службеници од СВР Тетово расчистиле шест тешки кражби во Гостивар и го привеле 25-годишниот А.О. од долнореканското село Видуше.

Во текот на минатиот и овој месец А.О. со употреба на сила и алат влегол во неколку гостиварски јавни установи (болница, катастар и други) и од таму одземал оставени пари во фиоки, каси и на други места.

Дваесет и петгодишниот видушанец приведен е во Полициската станица Гостивар и по целосното документирање на овој случај, ќе му биде изготвен соодветен поднесок по член 236 од Кривичниот законик , а поради основи на сомнение дека сторил кривично дело “тешка кражба”, соопшти полицијата.

Текстот Приведен крадец, извршил шест тешки кражби во Гостивар е превземен од МАКФАКС.