Приведен маж кој украл пари од црква

Полицијата приведе 42-годишен маж од гостиварско Врапчиште, поради тешка кражба во црквата Свети Петар во Долна Бањица.

„Полициски службеници на СВР Тетово – Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода 42-годишниот Н.А. од гостиварско Врапчиште поради сомнение дека во периодот 18/19 септември извршил тешка кражба во црквата ‘Свети Петар’ во гостиварска Долна Бањица, при што одзел пари. Увид извршила екипа од Одделението за внатрешни работи Гостивар“, информираат од МВР во дневниот билтен.

Мажот е задржан во полициска станица за расчистување и документирање на случајот и во текот на денешниот ден со соодветен поднесок ќе биде изведен пред судија.

Текстот Приведен маж кој украл пари од црква е превземен од МАКФАКС.