Приведен разбојник кој извршил седум тешки кражби во куќи во Свети Николе

Полицијата во Свети Николе во текот на вчерашниот ден го лишила од слобода А. Б. (33) од овој град поради сомнение дека во претходниот период од куќи на подрачјето на Свети Николе извршил тешки кражби, при што одзел разни предмети.

Некои од предметите се пронајдени, одземени и им се вратени на оштетените граѓани.

По целосно документирање на случаите, против А. Б. ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Текстот Приведен разбојник кој извршил седум тешки кражби во куќи во Свети Николе е превземен од МАКФАКС.