Приведени дилери од Скопје, кај нив биле пронајдени кокаин и марихуана

/

Три лица се приведени вчера од страна на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција- Сектор за недозволена трговија со дрога оружје и опасни материи и СВР Скопје Единица за недозволена трговија со дрога и оружје, соопшти МВР.

Околу 14 часот во центарот на Скопје бил приведен Д.М.М. (36) роден во Белград, а живее во Скопје, бидејќи кај него била пронајдена кеса со остатоци од марихуана. Во координација со ОЈО Скопје бил извршен претрес во дом на Е.Р. од Скопје и при тоа бил пронајден кокаин и над еден килограм марихуана и една дигитална вага.

Во дворот на објектот бил лишен од слобода и А.П. (33) од Скопје, кај кого била пронајдена марихуана. По документирање на случајот, ќе бидат поднесени соодветни поднесоци, велат надлежните.

Текстот Приведени дилери од Скопје, кај нив биле пронајдени кокаин и марихуана е превземен од МАКФАКС.