Приведени две лица за давање поткуп за гласови во Скопје

Две лица од Скопје се приведени поради давање на поткуп во замена на глас во скопската населба Даме Груев, извести полицијата.

Според МВР, денеска околу 14 часот полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода Г.З. (59) и А.С. (63) од Скопје кои во скопската населба Даме Груев давале пари во замена за глас на локалните избори односно вршеле кривично дело по член 162 од КЗ „поткуп при избори и гласање“.

На лицата на кои им давале пари за глас им земале копии од лични карти, а при приведувањето кај нив се најдени пари и други предмети.

Известен е јавен обвинител и по документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци, соопшти МВР.

Текстот Приведени две лица за давање поткуп за гласови во Скопје е превземен од МАКФАКС.