Приведени крадци од Скопје, извршиле четири тешки кражби во спортска обложувалница

Вчера во полициска станица бил извршен службен разговор со Ф.И.(26) и С.А.(28), и двајцата од Скопје, поради постоење на основи на сомнение дека сториле кривични дела тешка кражба по чл. 236 од Кривичниот законик, и тоа на 13.7.2021, 17.7.2021, 19.7.2021 и 22.9.2021 во спортска обложувалница во Шуто Оризари.

Лицата ги признале делата со кои се стекнале со противправна имотна корист од 59.000 денари и во целост го појасниле начинот на извршување на кривичните дела, со што четирите кривични дела се целосно расчистени.

Против нив ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Текстот Приведени крадци од Скопје, извршиле четири тешки кражби во спортска обложувалница е превземен од МАКФАКС.