Проекција на филмот „Фред“ и концерт на песните на Фред Бускаљоне во вторник во 20 часот

Амбасадата на Италија, во соработка со Кинотеката на Република Северна Македонија, ќе им овозможи на љубителите на кинематографијата да го проследат филмот „Фред“, посветен на Фред Бускаљоне (1921-1960), по повод стогодишнината од неговото раѓање по што ќе следува концерт на македонската група NYX, која ќе ги изведува неговите песни во живо.

Италијанскиот музичар, пејач и мултиинструменталист Фред Бускаљоне беше популарен во 50-тите години. Неговиот прв сингл во 1955 година е продаден во милион изданија. Ликот што е интерпретиран во неговите песни и филмови секогаш претставувал забавен човек од подземјето со склоност кон виски и жени, инспириран од филмовите во кои главните улоги ги толкуваат Кларк Гејбл и Мики Спилејн. На многумина животот им дава слава, но на многу малку од нив со нивната смрт се содава мит. Тоа му се случи на Фред Бускаљоне, кој со својата смрт на само триесет и девет години создаде легенда што беше предодредена да трае.

Филмот го раскажува ѕвездениот подем и пад на Фред Бускаљоне: тешките времиња на почетокот, незадржливиот подем и ненадејното исчезнување од сцената. Филмот прв пат е еден вид емотивен и потресен портрет на еден од камен-темелниците на италијанската поп-музика преку сведоштвата на неговиот текстописец Лео Киосо, неговата сопруга Фатима Робинс, неговите музичари од „Астернови“, проследено со архивски слики.

Проекцијата и концертот ќе се одржат утре, со почеток од 20 часот, во холот на Кинотеката на Република Северна Македонија, во согласност со владините протоколи и препораки за превенција од Ковид-19.

Текстот Проекција на филмот „Фред“ и концерт на песните на Фред Бускаљоне во вторник во 20 часот е превземен од МАКФАКС.