Проф. Стојанович: Заев во одреден момент мора да го надмине размерот на провинциски градоначалник, каков што беше

/

„Човек како Зоран Заев во одреден момент мора да го надмине размерот на провинциски градоначалник каков што беше. За нас е важно неговиот манир на однесување да не се пренесува меѓу нашите политичари без разлика дали припаѓаат кон партиите во власта или во опозицијата , а овој тренд веќе е реалност“, изјави историчарот Петар Стојанович пред Бугарското национално радио во однос на посетата на македонскиот премиер Зоран Заев на Бугарија.

Според него, Заев направил голема грешка со тоа што ја започнал својата серија состаноци во Софија со лидерот на ГЕРБ Бојко Борисов:

“Изключителен дипломатически гаф е да започнеш срещите си с едната от страните, която е опозиционна в полуобявената война, и да искаш после някакъв вид диалог с управляващата страна, това е повече от инвестиция в провал. Още с първата си стъпка падаш в капана на собствената си глупост и второразредно желание да угодиш на колкото може повече хора”.

Проф. Стојанович изразува изненадување што по овој потег, бугарскиот претседател и премиер го примиле премиерот на РС Македонија.

Според него, Брисел не сака да ги прифати јасните историски критериуми, бидејќи „ако се заснова на нив, овој разговор може да продолжи и да премине други граници“:

„ЕУ не е навикната малите држави како нашата, да се инаетат по било кое прашање и нашата политика во последните 10 години го потврдува ова.

“Мъртъв е всеки български политик, който промени схемата – приетите рамка от октомври 2019 и декларация на 44-ото Народно събрание”.

Стојанович го стави својот акцент врз кажаното од премиерот Стефан Јанев, дека историчарите треба да бидат извадени од играта „Не лути се човече“ со РС Македонија.

Интервјуто на Дијана Јанкулова со проф. Петар Стојанович можете да го слушнете во емисијата „Нешто повеќе“ на БНР на следниот линк.