Промени во Евролигата – Клубовите го отпуштија Џорди Бартомеу

Џорди Бартомеу, по завршувањето на сезоната во Евролигата, ќе отстапи од функцијата. Од основањето на Евролигата, пред 22 години, Бартомеу ја извршуваше функцијата извршен директор.

Одлуката за заминувањето на Бартомеу ја донесоа акционерите, 11.клубови кои се сопственици на ова натпреварување. На денешното гласање шест клуба му изгласале недоверба на Бартомеу.

Против Бартомеу гласале Макаби, Олимпија Милано, ЦСКА, Олимпијакос, Жалгирис и Панатинаикос. Шпанските клубови Барселона, Реал и Басконија и претходно не беа за смена на Бартомеу, а денес на новна страна застанаел турските претставници Фенербахче и Анадолу Ефес.

Бартомеу функцијата ќе ја напушти на 30.јуни.

Текстот Промени во Евролигата – Клубовите го отпуштија Џорди Бартомеу е превземен од МАКФАКС.