Променливо облачно и студено, со врнежи од снег

Времето денеска ќе биде променливо облачно и студено. Претпладне во источните делови со врнежи од снег и на некои пониски места. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне од 0 до 6 степени.

Во Скопје, претежно облачно и студено со умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 4 степени.

Текстот Променливо облачно и студено, со врнежи од снег е превземен од МАКФАКС.