Протече нов извештај за потеклото на коронавирусот – покажува дека излегол од лабораторија

Протече уште еден доверлив документ во САД, во кој се наведува дека постои можност пандемијата да потекнува од лабораторија.

Портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Ванг Венбин, оцени дека извештајот за потеклото на Ковид-19 не е научен и нема кредибилитет.

Во ажурираниот извештај на американската разузнавачка служба, објавен во саботата, се наведува дека постои подеднаква веројатност вирусот да е од природно потекло и дека „протекол“ од лабораторија, но дека вистината можеби никогаш нема да се дознае, пренесува „Ројтерс“.

Реагирајќи на извештајот, Ванг на прес-конференцијата рече дека „лагата е повторена илјада пати и сè уште е лага“, додавајќи дека американските разузнавачки служби „имаат репутација позната по измами“.

„Потрагата по потеклото на новиот коронавирус е сериозно и сложено прашање што треба и може да се истражи само со соработка на глобалните научници“, рече тој. Кина постојано ги негираше наводите дека вирусот протекол од специјализирана лабораторија во градот Вухан, каде што Ковид-19 првпат беше идентификуван на крајот на 2019 година.

Ванг повторно ги повика САД да ја отворат својата лабораторија во Форт Детрик за меѓународни експерти. Заедничката студија на Кина и Светската здравствена организација (СЗО) беше објавена претходно оваа година, но ја отфрли теоријата дека Ковид-19 потекнува од лабораторија, наведувајќи дека најверојатно тој се пренесува од диви животни на луѓето по природен пат.

Текстот Протече нов извештај за потеклото на коронавирусот – покажува дека излегол од лабораторија е превземен од МАКФАКС.