Прва јавна изјава на Путин по нападот на Украина: Русија немаше друг избор

Русија немаше друг избор, изјави Владимир Путин, што е негова прва јавна изјава откако Русија утрово ја нападна Украина, пренесе „Спутник“.

Обраќајќи им се на претставниците на руската деловна заедница, Путин рече дека „Москва нема друг избор, освен да дејствува во Украина и дека руските партнери треба да го разберат тоа и да не ги туркаат од системот“, објави „Спутник“.

Путин исто така рече дека владата треба да им даде поголема слобода на претприемачите, но дека не може да предвиди геополитички ризици.

Тој призна дека, иако средбата со претставниците на бизнис-заедницата била однапред планирана, таа сепак се одржала под нестандардни услови.

„Тоа што се случи е присилна мерка“, изјави Путин за воената операција во Украина.

„Не ни оставија никакви шанси да постапиме поинаку. Безбедносните ризици беа создадени на тој начин што беше невозможно да се одговори со други средства“, рече тој.

Путин во четвртокот рано утрото изјави дека одлучил да почне специјална воена операција.

Како што наведе „Спутник“, тој ја нарече ситуацијата живот и смрт за Русија по годините поминати од земјите од НАТО.

Набргу по неговото обраќање, светските медиуми почнаа да пренесуваат извештаи за експлозии во Украина.

Извештаите исто така велат дека Русите се на 15 километри од Киев, а НАТО распоредува дополнителни сили на исток и има 100 авиони на готовс.

Кремљ во четвртокот објави дека воената операција против Украина ќе трае онолку колку што е потребно.

Текстот Прва јавна изјава на Путин по нападот на Украина: Русија немаше друг избор е превземен од МАКФАКС.