Првиот авион со украински бегалци слета во Канада

Првиот авион со украински бегалци, за кој канадската влада одобри статус на азил, слета во Сент Џонс, главниот град на канадската провинција Њуфаундленд и Лабрадор, објави Укринформ.

Авионот долетал од полскиот град Катовице. Во него имало вкупно 166 бегалци, меѓу кои 55 деца, јавува СБС њуз.

Сите трошоци за летот беа на товар на канадската провинциска влада. Премиерот Ендрју Фјури ги пречека бегалците на аеродромот.

Некои бегалци добија повици за работа додека се уште беа во Полска, бидејќи владите на Њуфаундленд и Лабрадор основаа онлајн канцеларија во Варшава за да им помогнат на Украинците да се справат со детали како што се добивање пасоши, визи и транспорт.

Податоците на канадската агенција за гранични услуги откриваат дека повеќе од 19.000 украински граѓани пристигнале во Канада оваа година, додека Отава се соочува со голем број барања на баратели на азил.

Канадската федерална влада од средината на март одобрила над 90.000 барања за привремени визи, пишува глобал њуз.

Текстот Првиот авион со украински бегалци слета во Канада е превземен од МАКФАКС.