Пукање во Шведска, ранетите се во тешка состојба

Двајца мажи и една жена се ранети во пукање во шведскиот град Кристијанштад.

Тие биле итно префрлени во болница и се во сериозна состојба. Жената е на возраст од шеесет години, еден маж во дваесеттите години и еден во триесеттите.

Според „Експресен“, полицијата добила дојава за пукање во 15:44 часот.

Ранетите луѓе биле пронајдени на различни места во северниот дел на градот.

Полицијата ја блокирала таа област и се очекуваат повеќе информации околу овој инцидент.

Текстот Пукање во Шведска, ранетите се во тешка состојба е превземен од МАКФАКС.