Пушки и муниција пронајдени при претрес во тетовското село Порој

Полициски службеници од СВР Тетово попладнево од 16 часот и 15 минути до 18 часот и 50 минути, со судски наредби, извршиле претреси во домовите на Н.А. (24) и неговиот роднина Р.Л. (27) во тетовски Порој.

Како што информираат од МВР, во домот на Р.Л. пронајдени биле три парчиња огнено оруже: 2 ловечки пушки, од кои една од американско производство и “хеклер”, над 170 куршуми од различен калибар, елек, футрола, ремен и 13 пакувања со остатоци од бела прашеста материја.

Р.Л. е лишен од слобода и задржан во полициската станица во Тетово.

Текстот Пушки и муниција пронајдени при претрес во тетовското село Порој е превземен од МАКФАКС.