Путин со Џинпинг на отворањето на Зимските олимписки игри во Пекинг

Рускиот претседател Владимир Путин ќе присуствува на отворањето на Олимписките игри во Пекинг на 4 февруари, а потоа ќе се сретне со кинескиот претседател Си Џинпинг, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

– Подготвуваме официјален руско-кинески самит. На покана на претседателот Си Џинпинг, претседателот Путин ќе го посети Пекинг на 4 февруари, на денот на отворањето на Олимписките игри. Истиот ден ќе се водат и преговори на највисоко ниво – изјави Лавров.

Според него, лидерите на Русија и Кина за време на разговорите ќе го покријат целиот спектар на односи.

– Се подготвуваат решенија кои се детални, остварливи и кои навистина помагаат да ја зголемиме нашата соработка – истакна министерот за надворешни работи на Русија.

Тој додаде дека за сите овие прашања од руско-кинеската соработка ќе се разговара за време на подготовките за посетата на Путин на Пекинг и за време на самата посета.

Текстот Путин со Џинпинг на отворањето на Зимските олимписки игри во Пекинг е превземен од МАКФАКС.