Раиси ја отфрли можноста за средба со Бајден

Новоизбраниот ирански претседател Ебрахим Раиси ја отфрли можноста за средба со американскиот претседател Џозеф Бајден.

На прашањето за можна средба со Бајден, Раиси само одговори: „Не“. Тој се намурти и загледа пред него, без да даде никакви детали, објави „Ројтерс“.

Тој изјави дека САД го прекршиле нуклеарниот договор од 2015 година и дека Европската унија не ги исполнила своите обврски.

„ САД и ЕУ треба да ги исполнат своите ветувања според договорот“, рече Раиси во Техеран, на неговата прва прес-конференција по победата на изборите во петокот, пренесува „Ројтерс“.

Текстот Раиси ја отфрли можноста за средба со Бајден е превземен од МАКФАКС.