Рајо на Димитриевски продолжува со победите – сега се пред Барса!

Македонскиот репрезентативен голман, Столе Димитриевски прими гол во финишот на мечот, но неговите Рајо Валјекано стигнаа до убедлива 3:1 победа над Мајорка за барем привремено да се искачат пред Барселона на шестото место на табелата во Ла лига.

Клубот од мадридските предградија засега е едно од најголемите изненадувања во шпанската лига, а посебно се импресивни на домашните мечеви. Против новиот прволигаш Мајорка, исходот беше решен во првите 20 минути. Серхио Гвардиола во 16. и Алваро Гарсија во 20. минута донесоа 2:0 водство, по што Трехо во 63. минута од пенал да ја потврди победата. Замената Абдон Пратс во 89. минута успеа да го совлада Димитриевски за 3:1.

(function (el) { window.addEventListener(“message”, (event) => { if (event.origin.startsWith(“https://www.sofascore”)) { if (el.id === event.data.id) { el.style.height = event.data.height + “px”; } } }); })(document.getElementById(“sofa-standings-embed-36-37223”));

Standings provided by SofaScore LiveScore

Текстот Рајо на Димитриевски продолжува со победите – сега се пред Барса! е превземен од МАКФАКС.