Рама: ЕУ треба да биде внимателна, Западен Балкан не е во добра фаза

Премиерот на Албанија, Еди Рама, во интервју за грчкиот весник „ТА НЕА“ оценува дека Западен Балкан не е во добра фаза, поради што смета дека ЕУ треба да биде внимателна.

Рама изјави и дека работите не отишле до таму да се плаши од дестабилизација, пренесува Клан Косова.

„ Политичките фактори внатре и надвор од Западен Балкан, во Европската Унија, мора да бидат претпазливи. Симптомите од ваков вид не треба да се потценуваат“, рече премиерот на Албанија.

Рама е песимист за отворањето на преговорите за членство на Албанија со ЕУ кон крајот на оваа година.

„ Ова не е првпат да слушам вакви предвидувања од високи претставници на ЕУ и нема да биде првпат тие да не можат да ги одржат ветувањата. Не очекувам ништо“, рече Рама.

По повод последната средба во Белград во рамки на иницијативата Отворен Балкан, шефот на албанската влада рече дека не е постигнат толкав напредок колку што сака и дека на следниот состанок во Тирана ќе се постигнат одредени цели во однос на слободната трговија на производите.

Текстот Рама: ЕУ треба да биде внимателна, Западен Балкан не е во добра фаза е превземен од МАКФАКС.