Рама и Вучиќ изразија сочувство за несреќата: „Нема зборови на утеха“

Претседателот на Албанија, Еди Рама, и српскиот претседател, Александар Вучиќ, изразија сочувство по сообраќајната несреќа на македонскиот автобус во Бугарија.

Рама во објава на „Фејсбук“ напиша дека настанот предизвикува огромна болка.

„Нема зборови на утеха за трагедијата на автобусот од Северна Македонија во Бугарија, каде што животот го загубија речиси сите патници. Огромна болка“, напиша Рама.

Српскиот претседател Александар Вучиќ упати телеграма со сочувство до претседателот Стево Пендаровски и премиерот Зоран Заев.

„Со неверување и тага ја примив страшната вест за трагичното загинување на патниците од автобус во Бугарија. Не постојат зборови што би ја опишале болката што ја делиме со граѓаните на вашата земја. Неми пред оваа трагедија, испраќаме молитва со утеха на семејства на загинатите и целиот наш братски народ. Србија е сега со вас, подготвена да даде секаква помош со поддршка бидејќи не сте сами во оваа трагедија. Во свое и во име на граѓаните на Србија упатувам најдлабоко сочувуство на семејства на настраданите и народот на Македонија, а на повредните им посакувам брзо и успешно закрепнување“, се наведува во пораката на Вучиќ.

Текстот Рама и Вучиќ изразија сочувство за несреќата: „Нема зборови на утеха“ е превземен од МАКФАКС.